Достапни линкови

Либија бара екстрадација на поранешниот разузнавач на Гадафи


Абдулах ал Сенуси

Абдулах ал Сенуси

Либија побара да и биде предаден Абдулах ал Сенуси, поранешниот шеф на разузнавачката служба по неговото апсење во Мавританија. Националниот транзиционен совет инсистира тој да биде екстрадиран во Либија за да биде изведен пред судот во земјата.
Сенуси исто така е баран од Меѓународниот суд за криминал под обвинение за злосторства против човештвото. Франција исто така сака да го екстрадира во врска со бомбашки напад на авион во 1989 година, при кој загинаа 170 лица.
Мавританија соопшти дека ќе спроведе истрага пред да донесе одлука.
XS
SM
MD
LG