Достапни линкови

Десетици лица уапсени на опозициските протести во Русија


Опозицискиот лидер Сергеј Удалцов на протестите пред националната телевизија во Москва

Опозицискиот лидер Сергеј Удалцов на протестите пред националната телевизија во Москва

Руската полиција уапсила околу 50 лица кои протестираа пред зградата на националната телевизија, јави сервисот на Радио Слободна Европа во земјата. Протестите се поради прилогот на телевизијата во кој е обвинета опозицијата за валкани трикови на претседателските избори кои се одржаа на 4 март. Прилогот сугерира дека опозицијата добила фондови од САД и ги терала опринудувала граѓани да земат учество во протестите.
Опозициските лидери Борис Немцов и Сергеј Удалцов се меѓу уапсените.
XS
SM
MD
LG