Достапни линкови

Судир на полицијата и Курдите во Турција


Турската полиција денеска употреби солзавец и водени топови во судир со неколку илјади Курди во Истанбул и во Дијабекир. Но, и покрај акцијата, група од најмалку 5.000 луѓе тргнале кон плоштадот во Дијабекир со цел да го прослават својот традиционален празник, курдската Нова година. И во Истанбул полицијата реагирала за да ја спречи прославата.
Голем дел од Курдите носеле облека во боите на забранетата Курдска работничка партија.
XS
SM
MD
LG