Достапни линкови

Осуди за егзекуцијата на напаѓачите на метрото во Минск


Владимир Коваљов и Дмитриј Канаваљов

Владимир Коваљов и Дмитриј Канаваљов

ЕП ја осуди одлуката на белоруските власти за егзекуцијата на двајцата обвинети за бомбашкиот напад на метрото во Минск. Шефот за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон изјави дека е свесна за злосторствата на Владимир Коваљов и Дмитриј Канаваљов, но истовремено тие не биле во можност и не добиле право да се одбранат.
Активистот за човекови права Људмила Гриазнова исто така ги осуди смртните казни на таканаречените терористи, бидејќи нивната вина била под сомненение, што одава впечаток дека властите сакаат да ги скријат трагите на кривичното дело.
Германските власти соопштија дека има нејаснотии за случајот и предупредија дека извршувањето на смртна казна ќе ги затегне односите меѓу двете земји.
XS
SM
MD
LG