Достапни линкови

Грчките банки нема да имаат потреба од целата помош на ЕУ и ММФ?


Директорот на Грчката централна банка Јоргос Провопулос изјави денеска дека банките во земјата кои се тешко погодени од кризата може нема да имаат потреба од целата помош на ЕУ и на ММФ. Според него, рекапитализацијата на банките ќе заврши до септември и предупреди дека ако Грција ја напушти еврозоната тоа ќе значи „отворање на вратите на пеколот“.
ЕУ и ММФ одделија околу 50 милијарди евра за рекапитализација на банките, најголемите приватни сопственици на грчкиот долг.
XS
SM
MD
LG