Достапни линкови

Интересот е клучен за политички коалиции


Виктор Димовски, поранешен македонски амбасадор, ја промовира неговата нова книга „Предизборните коалиции во Македонија“ во Битола.
Виктор Димовски, поранешен македонски амбасадор, ја промовира неговата нова книга „Предизборните коалиции во Македонија“ во Битола.

Интересот е на прво место од низата фактори кои влијаат за создавање на предизборни политички коалиции. Потоа следуваат идеологија, поларизација на политичкиот систем, избораната јачина на партиите и изборните правила.

Интересот е клучниот фактор кој влијае врз создавањето на предизборните политички коалиции во Македонија. Ова го посочува м-р Виктор Димовски, правник и поранешен македонски амбасадор, во неговата нова книга „Предизборните коалиции во Македонија“, која деновиве беше промовирана во Битола.
Што е она што влијае на одлуката на партиските лидери при формирањето на коалицијата. Тука е пред се интересот, односно проценката дали повеќе ќе добијат или повеќе ќе изгубат.
Виктор Димовски, правник и поранешен амбасадор.

Од повеќето фактори како што се идеологија, поларизација на политичкиот систем, избораната јачина на партиите и изборните правила, сепак интересот е на прво место, вели авторт.

„Што е она што влијае на одлуката на партиските лидери при формирањето на коалицијата. Тука е пред се интересот, односно проценката дали повеќе ќе добијат или повеќе ќе изгубат. Некои однесувања кај нас се различни отколку на Запад. Таму ако коалицијата е мала сите сакаат да влезат во неа зашто очекувааат добитни места. Колку се зголемува, опаѓа интересот. Во Македонија кога е мала коалицијата нема интерес, колку се зголемува расте интересот“, вели Димовски.

Книгата ја застапува тезата дека бројот на релевантни партии во државата е далеку помал од постоечките. Дел од нив пристапуваат кон коалиции за да добијат еветуална корист, која би ја немале доколку настапат самостојно.

„Бројот на релевантни партии во Македонија е 3,6. Во една Велика Британија има 2,5 релевантни политички партии. Во Македонија имате две носечки партии во македонскиот блок и две во албанскиот блок и една шума од останати помали партии кои влегуваат во коалиции. Коалициите во демократски земји со подолга традиција се формирани меѓу две најмногу три пратии. Кај нас коалициите се мастодонtски по 20 и повеќе партии“, додава Димовски.

Според него, дури ни идеологијата не е многу пресудна за формирањето на коалициите во Македонија.

„Кај нас имаме и специфични случаи. Во актуелната владеачка гарнитира која треба да да биде десно центристичка и конзервативна, имаме Социјалистичка партија која во основа треба да припаѓа кон левиот центар“, вели авторoт.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG