Достапни линкови

Тепани и апсени антивладини демонстранти во Азербејџан


Најмалку четворица демонстранти беа уапсени и претепани од полицијата за време на забранетиот опозициски протест на периферијата на Баку, велат очевидци. Сведоците велат дека меѓу приведените е и фронтменот на полуларен музички бенд кој го критикува претседателот Илхам Алиев со вулгарни зборови. На лицата на уапсените имало крв и модринки. Полицијата и лекарите што беа на местото на настанот не сакаа да коментираат за тепањето и за приведувањата.

На протестот учествуваа стотици опозиционери и младински активисти кои бараат ослободување на политичките затвореници и оставка на владејачката елита. Според полицијата, на протестот имало околу 350 демонстранти. Активистите и нашите дописници што се на местото на настанот велат дека на протестот имало повеќе од 1.000 луѓе.
XS
SM
MD
LG