Достапни линкови

Косовското МНР го осуди нападот врз македонската амбасада


Косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај.

Косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај.

Косовското Министерство за надворешни работи го осуди синоќешниот напад врз македонската амбасада во Приштина.

„Овој вандалски чин го оценуваме како целосно неприфатлив и на штета на пријателските односи меѓу нашите две држави. Бараме од истражните органи што побрзо да го расветлат случајот и сторителите на овој низок чин да ги изведат пред органите на правдата“, стои во соопштението на косовското МНР.

Во соопштението се нагласува силната определба на државните институции на Косово за зацврстување на добрососедството со Република Македонија.
XS
SM
MD
LG