Достапни линкови

Филип Вујановиќ стана почесен граѓанин на Скопје


Претседателот Ѓорге Иванов и неговиот црногорски колега Филип Вујановиќ во Скопје.

Претседателот Ѓорге Иванов и неговиот црногорски колега Филип Вујановиќ во Скопје.

За голем придонес во креирањето на културно историските врски и долгогодишната плодна културна и стопанска соработка меѓу Република Македонија и Црна Гора денеска во Советот на Град Скопје во присуство на претседателот Ѓорге Иванов, на црногорскиот претседател Филип Вујановиќ врачена му е плакета на почесен граѓанин на Град Скопје.
Титулата на претседателот Вујановиќ му ја врачи градоначалникот на Скопје Коце Трајановски кој истакна дека таа претставува израз на почит не само кон него лично како голем државник, хуманист и современ политичар, туку и признание за мирољубивте стремежи на црногорската држава во градењето на меѓуетничкиот соживот во Република Црна Гора во која се почитуваат и нејзините граѓани Македонци. Шефот на црногорската држава се зблагодари и се осврна на длабоките историски и културни врски меѓу народите на Црна Гора и на Македонија, особено задржувајќи се на македонската поддршка за време на обновата на црногорската држава.
- Ова е уште една добра вест за Подгорица и Скопје. Збратимувањето на двата града беше природна последица на географската, културната и историската блискост.
XS
SM
MD
LG