Достапни линкови

logo-print

Десетици притворени на митинг на руската опозиција


Руската полиција денеска уапси десетици демонстранти на опозицијата во центарот на Москва кога тие се обиделе да се одржат не одобрени демонстрации против затворањето нивни политички активисти.
Новинската агенција РИА Новости јави дека полицијата дејствувала откако лидерите на опозицијата Борис Немцов и Сергеј Удалцов пристигнале на собирот. Тие барале ослободување на политичките затвореници, вклучувајќи го и бизнисмен Алексеј Козлов, кој беше осуден на пет години за измама минатата недела на повтореното судење кое беше критикувано од страна на опозицијата.
XS
SM
MD
LG