Достапни линкови

Белорусија - Мајката на Коваљов потврди дека синот е егзекутиран


Љубов Коваљова

Љубов Коваљова

Мајката на еден од двајцата обвинети за бомбашки напад во метрото во Минск, при кој загинаа 15, а беа ранети стотици луѓе, потврди дека нејзиниот син е егзекутиран. Љубов Коваљова, како и нејзината ќерка претходно, изјави дека добила писмо од властите за егзекуцијата на нивниот син и брат Владислав Коваљов. Претходно шефот за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон, како и германската канцеларка Ангела Меркел апелираа до властите во Белорусија да не ја извршуваат смртната казна врз двајцата осудени Владимир Коваљов и Дмитриј Канаваљов. Во средата претседателот Александар Лукашенко одби да даде помилување на двајцата 26 годишни фабрички работници.
XS
SM
MD
LG