Достапни линкови

Поради магла и загаденост одложени над 400 летови во Пекинг


Аеродромот во Пекинг

Аеродромот во Пекинг

Над 400 летови кон и од аеродромот во Пекинг, вклучувајќи околу 35 меѓународни услуги, беа откажани или одложени денеска поради густата магла и силно загадениот воздух. Официјалната државна новинска агенција Ксинхуа јави дека видливоста на аеродромот е помала од 200 метри.
Кинеските власти соопштија дека две третини од градовите во земјата не ги исполнуваат стандарди за квалитет воведени оваа недела.
Новите стандарди беа воведени поради растечкиот гнев во кинеската јавност, поради загаденоста и здравствени проблеми на граѓаните.
XS
SM
MD
LG