Достапни линкови

ММФ - Грција не смее да застрани од патот


Меѓународниот монетарен фонд соопшти дека Грција може да ги постигне целите за намалување на долгот, ако се придржува кон строгите економски мерки, вклучително намалување на минималната плата, на пензиите и скратување на 15.000 државни работни места оваа година.
ММФ додаде дека ако исполнувањето на програмите се одвива премногу бавно или не е доволно, или ако економијата не одговори на реформите толку брзо, колку што се очекува, „подлабока рецесија и многу повисока должничка траекторија ќе бидат веројатниот резултат“, се вели во документите на ММФ за одобрениот заем на Атина.
- Политичките ризици, поврзани со изборниот календар, создаваат дополнителна несигурност за исполнување на политиката, додава Меѓународниот монетарен фонд.
XS
SM
MD
LG