Достапни линкови

Егзекутиран бомбашот на метрото во Минск?


Мајката на Владислав Коваљов

Мајката на Владислав Коваљов

Новинската агенција АФП јави дека групата за човекови права Вјасна јавила дека властите во Белорусија ги информирале роднините на едниот од двајцата бомбаши на Метрото во Минск дека е егзекутиран.
Според Вјасна, сестрата на Владислав Коваљов добила писмо од властите за егзекуцијата на нејзиниот брат. Од владата засега нема потврда.
Претходно шефот за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон апелираше до властите во Белорусија да не ја извршуваат смртната казна врз двајцата осудени Владимир Коваљов и Дмитриј Канаваљов. Во средата претседателот Александар Лукашенко одби да даде помилување на двајцата 26 годишни фабрички работници
XS
SM
MD
LG