Достапни линкови

Фрлен молотов коктел врз Амбасадата на РМ во Приштина


Приштина

Приштина

Доцна синоќа е фрлен молотов коктел врз објектот на Македонската амбасада во Косово при што нема повредени, а е причинета само мала материјална штета.
Како што јавија косовските медиуми, тоа го сториле три лица од автомобил марка Тојота.
Според косовските медиуми, среќна околност била што полициски службеник веднаш се нашол на местото на настанот, при што била спречена поголема штета.
Полицијата на Косово трага по напаѓачите.
Ова е втор напад врз амбасадата на Република Македонија во Косово, последнава недела, претходно беа искршени дел од стаклата на објектот. Инциденти имаше и во Албанија, каде беше запалено знамето на Република Македонија.
XS
SM
MD
LG