Достапни линкови

logo-print

ФОРД - предвремени пензии со 100.000 долари отпремнина


Околу 1700 работници на Форд во Детроит ја прифатија понудата на компанијата за предвремено пензионирање и ќе ја напуштат фирмата до 1 Јуни. Дел од нив ке бидат заменети со нови работници но со помали плати. Филијалите на Форд пак примаат нови работници во Вејн, Луисвил, Чикаго и Мисури. Форд мината есен понуди предвремени пензии за 41 илјада работници. На занаетчиите им се понудени по 100 илјади долари отпремнина, а на производствените работни по 50 илјади долари. Форд годинава вработи илјадници нови работници поради растечката продажба на возилата во САД.
XS
SM
MD
LG