Достапни линкови

САД со предупредување до Северна Кореа


портпаролката на Стејт Департментот Викторија Нуланд

портпаролката на Стејт Департментот Викторија Нуланд

Соединетите држави соопштија дека ќе биде тешко замисливо да и дадат на Северна Кореа помош во храна доколку таа го изведе планираното лансирање на ракета со долг дострел за да тестира сателитска технологија. Ова го изјави портпаролката на Стејт Департментот Викторија Нуланд откако Северна Кореа најави дека планира во идниот месец, на одбележувањето на 100 годишнината од раѓањето на основачот на земјата Ким Ил Сунг, да лансира таков вид ракета. Неколку недели претходно Пјонгјанг се согласи да го запре збогатувањето ураниум и да стави мораториум на тестирањето ракети со голем дострел.
XS
SM
MD
LG