Достапни линкови

Сиријската опозиција бара итна воена интервенција


Илјадници сиријци денеска демонстрираа во повеќе градови во земјата, барајќи итна воена интервенција од арапските земји за запирање на крвавата репресија од страна на режимот. Во текот на изминатата ноќ сириските безбедносни сили се судриле со воени дезертери во предградијата на главниот град Дамаск. Тоа биле први борби откако пред неколку недели силите на претседателот Башар ал Асад ја вратија контролата врз предградијата на Дамаск. Во меѓувреме, специјалниот пратеник за Сирија Кофи Анан побара од Советот за безбедност на Обединетите нации да го надминат ќорсокакот и да ги обединат напорите за ставање крај на крвопролевањето во таа земја.
XS
SM
MD
LG