Достапни линкови

Дациќ: изјавата на Тачи може да предизвика проблеми


Ивица Дациќ

Ивица Дациќ

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дациќ кој денеска во Скопје учествуваше на регионалната конференција за граничната сорботка оцени дека изјавата на косовскиот премиер Хашим Тачи за албанците во една држава може да предизвика проблеми и потреси. ,,Не ме интересира во која држава ќе живеат албанците, но истите права треба да ги имаат и србите,, изјави Дациќ за српската новинска агенција Бета. Тачи вчера во косовскиот парламент изјави дека ако дојде до промени на границите на Балканот, најдобро би било албанците да живеат во една држава.
XS
SM
MD
LG