Достапни линкови

Турција ги повика своите државјани да ја напуштат Сирија


Турција ги повика своите граѓани во Сирија што е можно побрзо да се вратат дома поради насилствата во таа земја. Турското министерство за надворешни работи денеска соопшти дека нередите во Сирија се сериозен безбедносен ризик и поради тоа, во идната недела ќе биде затворено конзуларното оделение на турската амбасада во Дамаск. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека е можно и повлекување на турскиот амбасадор од Сирија. Инаку, досега околу 14 илјади сиријски бегалци се засолниле во Турција.
XS
SM
MD
LG