Достапни линкови

Барцелона против Милан, Реал - Апоел


Во Нион, Швајцарија денеска беа извлечени двојките за четврт-финалето во Лигата на шампионите во фудбал. Милан ќе игра против Барцелона, Апоел против Реал Мадрид, Олимпик Марсеј против Баерн Минхен и Бенфика против Челзи. Првите натпревари се играат на 27-ми и 28-ми овој месец, а реваншите на 3-ти и 4-ти април.

Познат е распоредот и за полуфиналето, па така победникот од натпреварите меѓу Олимпик Марсеј и Баерн ќе игра против победникот од двомечот меѓу Апоел и Реал Мадрид. Од друга страна, победникот во дуелот Милан – Барцелона ќе игра против подобриот од натпреварите Бенфика – Челзи. Полуфиналните натпревари се играат на 17-ти и 18-ти април, а реваншите на 24-ти и 25-ти април. Финалето во Минхен е на 19-ти мај.
XS
SM
MD
LG