Достапни линкови

Инцидентите поединечни, односите Македонија-Албанија одлични


Министрите за надворешни работи на Албанија и на Македонија Едмонд Хаџинасто и Никола Попоски.
Министрите за надворешни работи на Албанија и на Македонија Едмонд Хаџинасто и Никола Попоски.

Шефовите на дипломатиите на Македонија и на Албанија, Никола Попоски и Едмонд Хаџинасто, оценија дека односите меѓу двете земји се одлични.

Ја оценија взаемната соработка како одлична, а целите како заеднички, интегрирање во ЕУ и НАТО, подобрување на регионалната и меѓусоседската соработка меѓу сите земји во регионот. Под закрила на ваквите дипломатски изјави одговараа министрите за надворешни работи на Македонија Никола Попоски и на Албанија Едмонд Хаџинасто и на прашањата поврзани со инцидентите со етнички предзнак коишто се случија во последниов период на двете страни и оценувајќи ги како поединечни апелираа да биде спречено нивното конотирање во поинакви контексти. Па така и на прашањето во врска со палењето на македонското знаме на протестите во Албанија, гостинот од Албанија рече:
Имам видено и инциденти во кои албанското знаме беше запалено. И двата типа инциденти не би смеело да се случуваат, затоа што националните симболи се свети за секоја нација.
Едмонд Хаџинасто, министeр за надворешни работи на Албанија.

„Имам видено и инциденти во кои албанското знаме беше запалено. И двата типа инциденти не би смеело да се случуваат, затоа што националните симболи се свети за секоја нација, за секој граѓанин, но ние денеска се согласивме околу тоа дека ваквите инциденти не ги нарушуваат одличните односи што ги имаме. Ќе повторам уште еднаш, неопходно е нашите институции да постапуваат според законот.“

Хаџинасто рече и дека од македонските институции побарале целосно расветлување на инцидентите и од сите политички претставници зрелост и поддршка за институциите со цел да ги решат овие инциденти.

Смирувачки тонови и од страна македонскиот министер, Попоски.

„Кој било гест, кој може да биде навредлив за кој било од нашите пријатели или соседи, како во Албанија, така и во Македонија, така и во целиот регион, мора да биде осуден и мора да биде третиран во рамките на институциите на системот“, рече Попоски.

Заедничката европска иднина ја потенцираат како најзначајна заедничка цел и работа. Во врска со спорот за името, како што посочи Хаџинасто, Албанија спорот го гледа како билатерален проблем и се залага за што поскоро негово решавање со цел приближување на Македонија кон меѓународните организации.
XS
SM
MD
LG