Достапни линкови

Во Црна Гора наскоро само со лични карти


Гордана Јанкулоска

Гордана Јанкулоска

Министрите за внатрешни работи на Македонија и на Црна Гора Гордана Јанкулоска и Иван Брајовиќ, денеска во Скопје потпишаа повеќе договори за заедничко работење на двете министерства меѓу кои најзначаен е Договорот за полициска соработка. Од големо значење, истакнаа Јанкулоска и Брајовиќ, се и потпишаните договори за соработка за време на туристичката сезона, за враќање на лица со незаконит престој и Протоколот за реадмисија. Јанкулоска и Брајовиќ, најавија дека во тек е подготовката на законот за патување во двете држави со лична карта и најверојатно веќе од оваа туристичка сезона македонските и црногорските граѓани ќе можат да ги поминуваат границите со лични карти.
XS
SM
MD
LG