Достапни линкови

Британија: дебелите полицајци ќе примаат помала плата


На полицајците во Британија ќе им биде барано да докажат дека се во добра физичка кондиција или во спротивно ќе се соочат со кратење на платата. Ова одлука е донесена откако едно испитување покажа дека 64 насто од лондонските полицајци биле дебели. Тие ќе треба да преземат чекори за намалување на тежината и доколку на последните три тестови не бидат забележани позитивни резултати платата ќе им биде намалена за 8 насто. Како дел од мерките за штедење, британската влада треба да намали 20 насто од буџетот за полицијата.
XS
SM
MD
LG