Достапни линкови

logo-print

Северна Кореа ќе лансира ракета со голем дострел


Севернокорејската телевизија најавува лансирање на ракета со долг дострел

Севернокорејската телевизија најавува лансирање на ракета со долг дострел

Северна Кореа соопшти дека планира во идниот месец да лансира ракета со голем дострел за да тестира сателитска технологија. До ова доаѓа само неколку недели откако Пјонгјанг се согласи да го запре збогатувањето ураниум и да стави мораториум на тестирањето ракети со голем дострел. Северна Кореа се подготвува во април да ја одбележи 100 годишнината од раѓањето на основачот на земјата Ким Ил Сунг.
XS
SM
MD
LG