Достапни линкови

Во Белгија ден на жалост за жртвите од автобуската несреќа


Во Белгија денеска е ден на жалост за жртвите на последната автобуска несреќа во која загинаа 28 патници, од кои 22 деца. До несреќата, која 24 патници ја преживеаа, дојде откако автобусот со деца кои биле на скијање удрил во ѕид на еден тунел во Швајцарија. Некои белгиски и швајцарски медиуми јавуваат дека причина за несреќата било невниманието на возачот кој бил окупиран со менување на ДВД диск. Овие извештаи се базирале врз изјави на децата кои ја преживеале несреќата.
XS
SM
MD
LG