Достапни линкови

logo-print

Албанскиот вицепремиер Хаџинасто во Македонија


Едмонд Хаџинасто

Едмонд Хаџинасто

Заменик - премиерот и министер за надворешни работи на Република Албанија Едмонд Хаџинасто денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија. Како што соопшти Министерството за надворешни работи, во рамките на посетата, министерот Хаџинасто ќе биде примен од македонскиот државен врв, а ќе има разговори и со својот домаќин, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски.
Се очекува разговорите да бидат во насока на продлабочување на билатералната соработка, за процесите во однос на остварувањето на идентичните надворешно-политички ориентации во делот на евроатланското интегрирање и регионалната соработка, се вели во соопштението.
XS
SM
MD
LG