Достапни линкови

logo-print

Оставка на двајца бугарски министри


Бојко Борисов

Бојко Борисов

Бугарскиот премиер Бојко Борисов ги прифатил оставките на министрите за економија и за здравство Трајчо Трајков и Стефан Константинов. Неочекуваната оставка Трајков ја поднесол по враќањето на владината делегација од посетата на Катар, која бугарските медиуми ја опишаа како неуспешна. Иако 100-на бугарски бизнисмени отпатувале за Доха на билатерален економски форум, ниедна локална фирма не присуствувала, пренесуваат медиумите.
Несогласувањата меѓу Борисов и Трајков траат од минатата година, во врска со преговорите со Русија за изградба на нуклеарната централа Белене, како и за рафинерија за нафта во сопственост на рускиот гигант Лукоил.
XS
SM
MD
LG