Достапни линкови

logo-print

Орбан ја обвини ЕУ за колонијализам


Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја обвини Европската Унија за колонијализам, непочитување на суверенитетот и за мешање во внатрешните работи на неговата земја. На синоќешниот собир, на кој според унгарските медиуми имало околу 100 илјади, а според државната телевизија 250 илјади луѓе, Орбан ја бранел политиката на својата влада и побарал праведен третман во ЕУ. Прекинуван од аплаузите на насобраните, премиерот порачал дека Унгарците нема да живеат според наредбите на странските сили, нема да се откажат од својата независност и од слободата.
ЕУ неколку пати изрази загриженост поради законите усвоени во унгарскиот парламент за кои е оценето дека ги ограничуваат демократските принципи на слободата на медиумите, независноста на судството и на централната банка, а се разгледува и казнување на Унгарија поради преголемиот буџетски дефицит.
XS
SM
MD
LG