Достапни линкови

Шест арапски држави ги затворија амбасадите во Сирија


Шест арапски монархии решиле да ги затворат своите амбасади во Сирија поради продолжувањето на репресиите на владата во таа земја, соопшти генералниот секретар на нивната регионална организација Абделатиф ал Зајани. Тој истакна дека одлуката е донесена затоа што сирискиот режим продолжува да го масакрира сопствениот народ, да ја избира воената опција и да ги одбива сите иницијативи за наоѓање решение за кризата.
Зајани побара од Меѓународната заедница да дејствува итно и цврсто за да ги запре убивањето и масакрите во Сирија, како и флагрантното кршење на достоинството и легитимните права на Сиријците.
Саудиска Арабија го повлече амбасадорот во Дамаск уште во август, а сега тоа го сторија и Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Оман, Катар и Кувајт.
XS
SM
MD
LG