Достапни линкови

Бан Ки Мун загрижен поради кршењето на правата во Авганистан


Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун изрази загриженост поради кршењето на човековите права од страна на Авганистанците кои ја преземаат контролата врз безбедноста со повлекувањето на меѓународните сили. Во извештајот објавен синоќа, Бан е загрижен поради однесувањето на авганистанската локална полиција, чии припадници се обвинети за киднапирања и уцени, незаконски убивања и за други кршења на човековите права.
Програмата на владата, која е поддржана од НАТО, предвидува плаќање и вооружување на локални Авганистанци да ги бранат своите села од нападите на Талибанците.
Советот за безбедност во идната недела треба да гласа за продолжување на мандатот на мисијата на ОН во Авганистан.
XS
SM
MD
LG