Достапни линкови

Фудбал: елиминирани гигантите од Манчестер


Манчестер Јунајтед и во реваншот загуби од Атлетик Билбао, овојпат со 2:1 во рамките на осминафиналето на Лигата Европа, со што се прости од ова натпреварување. И другиот клуб од овој град, Манчестер Сити е елиминиран од натамошните борби, откако синоќа победи против Спортинг со 3:2, но тоа беше недоволно. Во другите натпревари се постигнати следниве резултати:

Олимпијакос- Металист (Украина) 1:2
Бешикташ- Атлетико Мадрид 0:2
Шалке- Твенте 4:1
ПСВ Ајндховен- Валенсија 1:1
Удинезе- АЗ Алкмар 2:1
Хановер- Стандард Лиеж 4:0

За четвртфиналето, освен Спортинг и Атлетик Билбао, се пласираа и Металист од Украина, Атлетико Мадрид, Шалке, Валенсија, АЗ Алкмар и Хановер.
Жрепката за четвртфиналето за ова натпреварување и за Лигата на шампиони ќе биде одржана денеска во Нион.
XS
SM
MD
LG