Достапни линкови

logo-print

Стоп на насилството

Претседател на Социјалдемократската младина на Македонија Дарко Давитковски.

Претседател на Социјалдемократската младина на Македонија Дарко Давитковски.

Чедото на национализмот што го ранеше оваа власт порасна и сега тргна по својот данок. За жал данокот го плаќаат и ќе го плаќаат сите граѓани на оваа земја, пишува претседателот на Социјалдемократската младина на Македонија Дарко Давитковски за Радио Слободна Европа.

Во оваа држава, барем колку што до сега успеав да забележам, ништо не се случува случајно. За жал, како по некое правило, секогаш кога нешто драматично лошо се случува, случајно е ВМРО-ДПМНЕ на власт.

Последните случувања поврзани со нарушувањето на меѓуетничките соживот и толеранција не се ништо неочекувано после серијата на инциденти кои се случуваа пред нашите очи изминатава година. Протест и контра-протест, познато сценарио на власта, ги видовме кога стануваше збор за изградбата на црква на скопското кале. Потоа дополнително загревање на атмосферата со подигањето на националистичките чувства кај граѓаните со спотови за тоа кој е поголем Македонец и колку е постар коренот на Македонците. И тоа не беше доволно, па и спортските успеси ги направија успеси само на етничките Македонци, а не на сите што живеат во Македонија. На крај работите им избегаа од контрола.

Ова што се случува последните десетина дена е најлошата слика што можевме да ја испратиме во европскиот етер. Брзо заборавајќи на длабоките рани од 2001 година, дозволија народот да го понесат националистичките чувства. Чедото на национализмот што го ранеше оваа власт порасна и сега тргна по својот данок. За жал данокот го плаќаат и ќе го плаќаат сите граѓани на оваа земја.

Повиците за сопирање на ова насилство стигнаа од сите страни, партии, организации и меѓународни институции. Во таа насока, ние младите социјалдемократи решивме да преземеме конкретни чекори и мерки со цел колку што можеме да ги амортизираме ударите врз ова општество од страна на оние што сакаат да го разрушат. Ја предложивме Декларацијата за стоп на насилството каде што ќе се потпишат поголемиот број на политички подмладоци и со тоа ќе се усогласиме барем за неколку ставови без притоа да мислиме на партиските интереси и придобивки околу истата. За прв пат да покажеме дека младите можат да најдат заеднички јазик кога станува збор за нашата заедничка иднина и иднината на државата. Да покажеме дека сакаме да го смениме општеството во кое живееме во општество во какво што сакаме да живееме, но притоа да покажеме дека ја имаме силата да го направиме тоа.

Спиралата на насилство мора да биде сопрена бидејќи се плашиме дека може да ја зафати целата држава и сигурно дека не сакаме да живееме како некое предградие во Бејрут. Бидејќи токму така наликува Скопје овие денови. Полиција со панцири на сите автобуски станици, полиција во автобусите, полиција во училиштата и т.н. Не треба да се плашат граѓаните да влезат во автобусите заради евентуална тепачка на до заби наоружани малолетници. Автобусот од јавно превозно средство се претвори во симбол на стравот. На крајот на краиштата, сигурно не ги плативме и преплативме двокатните автобуси да бидат арена на гладијатори.

Иако инструментот на решавање на овие конфликти лежи во рацете на власта, младите имаат право да преземат мерки. Ја слушнавме изјавата и повикот на стотина невладини организации и здруженија на граѓани за да се приклучат на маршот в сабота. И таквата иницијатива треба да се сфати сериозно затоа што се обединуваат сите млади од сите националности, вери и религии. На ваквата иницијатива треба да се приклучат и младите членови на сите политички партии. Но не како припадници на партиите туку како граѓани кој се грижат за иднината на својата држава. Пораката на младите мора да допре до секој човек, затоа што иднината е нешто со што никој нема право да си поигрува.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG