Достапни линкови

Осудени двајца опозициски активисти во Русија


Сергеј Удалцов на протестите на плоштадот Пушкин

Сергеј Удалцов на протестите на плоштадот Пушкин

Московскиот суд го осуди проминентниот опозициски активист Сергеј Удалцов на десет дена затвор под обвинение дека одбил да ги следи наредбите на полицијата кога се обидел да одржи протестен марш до плоштадот Пушкин на 10 март. Удалцов изјави дека ќе штрајкува со глад против одлуката на судот.
Опозицискиот активист Алексеј Навални денеска беше казнет за прекршување на законот за масовни собири. Тој треба да плати 1000 рубљи, откако судот го прогласи за виновен, бидејќи некои од учесниците на протестот кој го организирал Навални го пречекориле времето дозволено за нивното одржување.
XS
SM
MD
LG