Достапни линкови

20-тина ученици од струшко три години чекаат сведителства


Илустрација, основно училиште.
Илустрација, основно училиште.

Дваесетина ученици од струшкото село Подгорци три години не можат да добијат свидетелства, затоа што како што велат од Министерството за образование, учат во непостоечки паралелки. Одлуката за формирање на паралелките го донесе Струшкиот совет во 2009-та година, а Министерството ја укина.

Дваесетина ученици од Основното училиште Гоце Делчев во струшкото село Подгорци, кои настава следат на албански јазик и по три години не можат да добијат свидетелства. Државата овие паралелки ги смета за нелегални, а против родителите повеќе од една година се води и судски спор. Се соочуваат со парични казни и до 2.000 евра. Засега, како што стојат работите, не се гледа излез од тунелот. Локалните и централните власти никако да го решат проблемот.
Ако не би имало политика овде, немаше да се случи трета година децата да не може да земат свидетелства. Мислам дека има политика. Ги замолуваме властите да не си играат со нашите деца.
Емин Зеќироски, родител.

Веќе неколку дена учениците ја бојкотираат наставата и не одат на училиште. Родителите се незадоволни од односот на надлежните институции. Тие се плашат нивните деца на крај да не останат и без свидетелства. Уште пред една година еден од родителите, Емин Зеќироски изрази сомнеж дека зад сето ова се крие длабока политика.
Џеми Хајредини ракводител на секторот за образование во општина Струга.
Џеми Хајредини ракводител на секторот за образование во општина Струга.

„Ако не би имало политика овде, немаше да се случи трета година децата да не може да земат свидетелства. Мислам дека има политика. Ги замолуваме властите да не си играат со нашите деца“, вели Емин Зеќироски, родител.
Ние имавме барање тие да бидат паралелки како дел од соседното училиште Мурат Лабуништа од соседното село Лабуништа. Ние и затоа немаме одговор, треба само еден документ за тоа. Мислам дека и политиката е замешана. Со 20 ученици да се игра 3 години не е фер.
Џеми Хајредини, Сектор за образование во општина Струга.

Инаку Струшкиот совет во 2009 година донесе одлука за формирање на овие паралелки. Откако истите добија амин од тогашната заменик министерка за образование Линдита Ќазими, по неколку дена одлуката беше поништена од екс-министерот Никола Тодоров. Новинарот од Струга, Мехмет Љатифи кој го следи овој случај уште од самиот почеток смета дека со учениците и родителите некој манипулира.

„Таква манипулација денес резултира дека 3 години не се решава тој проблем. Проблемот е во самата општина, затоа што нив ги формира општината додека Министерството дава само согласност. Со една одлука на Министерството тоа може да се среди, но спремноста на Министерството не се покажува доволно“, вели Љатифи.
Еди Кела координатор на Локална младинска иницијатива од Струга.
Еди Кела координатор на Локална младинска иницијатива од Струга.

Апсурдно е во денешно време ние се уште да се расправаме за вакви прашања, вели Еди Кела, координатор на Локална младинска иницијатива од Струга.
Последниве две децении погрешната политика во образование нас ни донесе да имаме млади кои се незаинтересирани за нивните права и тоа е веќе општествен проблем.
Еди Кела, Локална младинска иницијатива од Струга.

„Нормално е на секој да му да даде правото да се образува на јазикот на кој што сака да се образува. Да не се манипулира, да не користат децата за политички цели. Имаме личности т.н гребатори кои за сопствени цели и интереси ја користат власта. Последниве две децении погрешната политика во образование нас ни донесе да имаме млади кои се незаинтересирани за нивните права и тоа е веќе општествен проблем“, вели Кела.

За овој проблем се заинтересира и меѓународната заедница, рече Џеми Хајредини, ракводител на секторот за образование во општина Струга.

„Ние имавме барање тие да бидат паралелки како дел од соседното училиште Мурат Лабуништа од соседното село Лабуништа. Ние и затоа немаме одговор, треба само еден документ за тоа. Мислам дека и политиката е замешана. Со 20 ученици да се игра 3 години не е фер“, вели Хајредини.

А кој навистина си игра со овие деца, локалните политичари или оние кој се повисоко во власта. Од Министерството за образование ни рекоа да се обратиме кај Државниот просветен инспектор Џорџе Арсов. Тој изјави дека дека овие деца не можат да добијат сведителства бидејќи учат во незаконски и непостоечки паралелки и оти единствено за нив може да одлучуваат судските органи. На градските власти во Струга им порача да не се мешаат онаму каде што не им работа.
XS
SM
MD
LG