Достапни линкови

logo-print

Карзаи ги повика НАТО силите да ги напуштат селата во Авганистан


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи и американскиот секретар за одбрана Леон Панета

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи и американскиот секретар за одбрана Леон Панета

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи денеска ги повика НАТО силите да ги напуштат селата во земјата, по убиството на 16 цивили од страна на еден американски војник. Според соопштението, Карзаи на американскиот секретар за одбрана Леон Панета, кој е во посета на земјата му рекол дека меѓународните сили треба да се дислоцираат во нивните бази.
Карзаи на Панета му порачал и дека властите сакаат да ја преземат контролата врз безбедноста во земјата во наредната година, а не во 2014, како што планира Вашингтон.
XS
SM
MD
LG