Достапни линкови

Сирија ја минира границата да ги спречи бегалците


Сириски бегалец во камп во близина на границата меѓу Турција и Сирија

Сириски бегалец во камп во близина на границата меѓу Турција и Сирија

Турскиот вицепремиер Бешир Аталај изјави дека сириските власти поставуваат мини на границата со Турција за да го спречат протокот на бегалци. Околу 15 илјади Сиријци се засолниле во Турција откако започнаа немирите во нивната земја. Турското министерство за надворешни рабори соопшти дека многу луѓе го загубиле животот во обидот да ја преминат границата.
XS
SM
MD
LG