Достапни линкови

Обвинети 75 лица за насилството на фудбалски натпревар во Египет


Насилството по фудбалскиот натпревар во Порт Саид

Насилството по фудбалскиот натпревар во Порт Саид

Египетското обвинителство соопшти дека 75 лица се обвинети за злосторства, меѓу кои убиство и немарност во врска со насилството на еден фудбалски натпревар во градот Порт Саид. Меѓу обвинетите има 9 полицајци и три владини лица.
Околу 70 луѓе загинаа за време на судирот меѓу навивачите на ривалските тимови, домашниот Ал Масри и најдобриот египетски клуб Ал Ахли.
Некои сведоци изјавија дека полицијата не преземала ништо за да го спречи насилството. Според обвинителството, инцидентот бил испланиран однапред.
XS
SM
MD
LG