Достапни линкови

logo-print

Денеска истекува рокот за поднесување годишна даночна пријава. УЈП очекува бројката на луѓе што пријавиле дополнителен приход да достигне 200 илјади.

Секој граѓанин кој во 2011 година, покрај плата или пензија, остварил и дополнителен приход од издавање стан под кирија, авторски права, дивиденди, продажба на хартии од вредност, работно е ангажиран во амбасада, од игри на среќа и слично има законска должност за поднесување годишна даношна пријава во Управата за јавни приходи. Шалтерите на подрачните единици на Управата со цел да може во законскиот рок да се поднесат годишните даночни пријави, од пред неколку денови, заклучно со денеска работат до 20 часот. Веќе е познато дека граѓаните ги чекаат последните денови за да пријават данок.
Мислам дека имаше недоразбирање, луѓето беа исплашени, како се пополнува, што се пополнува, сите чекаат да прашаат некого и така остана за последниот ден.

„Мислам дека имаше недоразбирање, луѓето беа исплашени, како се пополнува, што се пополнува, сите чекаат да прашаат некого и така остана за последниот ден.“

„Јас пријавувам за тоа што бев на попис и за регуларната плата треба да внесам, не знаев дека треба и за тоа.“

„Колку се потрошило толку ќе пријавиме. Другите работи да не ги спомнуваме, тоа си има давачки, а ова што е дивиденда од плата, од пензија што мора да се даде, тоа си е редовно, законски“, велат анкетираните граѓани што чекаа да пријават данок.
Граѓаните најголем дел од своите пријави ги поднесуваат во последната недела пред истекување на рокот, така што од понеделникот, значи во последните неколку денови, дневно на шалтерите на УЈП се примаат по околу 25 илјади годишни даночни пријави.

Во изминатите денови даночните власти превентивно ги потсетија граѓаните дека веќе изминуваат деновите до последниот рок кога задолжително мора да се поднесат годишните даночни пријави. Според информациите од УЈП, минатата година биле поднесени 160 илјади пријави, а се очекува таа бројка заклучно до денеска да достигне 200.000. До 13-ти март поднесени се над 119 илјади даночни пријави.

„Граѓаните имаат околу два и пол месеци да ги пријават приходите. Од статистичките податоци на УЈП, како оваа година, така и изминатите години, тенденциите покажуваат дека граѓаните најголем дел од своите пријави ги поднесуваат во последната недела пред истекување на рокот, така што од понеделникот, значи во последните неколку денови, дневно на шалтерите на УЈП се примаат по околу 25 илјади годишни даночни пријави“, изјави Весна Новаковиќ од УЈП.

Постои можност даночните пријави да се поднесуваат и преку пошта. Даночните власти претходно расчистија повеќе дилеми кои ги имаа граѓаните. На пример, кога добиената награда е патување, ако тоа чини над одреден износ, мора да се наведе во пријавата заедно со вредноста. Треба да се прикажат и приходите добиени од обложувачниците. Понатаму, ако парите се подарок, за нив се плаќа данок на имот и затоа тие не се внесуваат во пријавата.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG