Достапни линкови

logo-print

Српските избори на Косово, отворен конфликт


Косовскиот премиер Хашим Тачи и командантот на безбедносните сили на Косово Кадри Кастраи, Приштина, 05.03.2012.

Косовскиот премиер Хашим Тачи и командантот на безбедносните сили на Косово Кадри Кастраи, Приштина, 05.03.2012.

Најавите на Србија за одржување локални и парламентарни избори на територијата на Косово претставуваат агресија. Ова го оцени косовскиот премиер Хашим Тачи, наведувајќи дека изборите ќе претставуваат закана, не само за Косово, туку и за регионот.

Косовскиот премиер Хашим Тачи најави дека ќе ги употреби сите уставни и законски средства за да не дојде до одржување на српските избори на Косово.
Србија дефинитивно со ваквите напори провоцира отворен конфликт со државата Косово, кој може да има последици по целиот регион. Тоа ќе бара и ангажирање на Америка, НАТО и Европската унија во регионот.

„Србија дефинитивно со ваквите напори провоцира отворен конфликт со државата Косово, кој може да има последици по целиот регион. Тоа ќе бара и ангажирање на Америка, НАТО и Европската унија во регионот“, изјави Тачи, откако во Србија за 6 мај беа распишани парламентарни и локални избори кои ќе се одржат и на Косово.
Јелко Кацин, пратеник за СРбија во ЕП

Јелко Кацин, пратеник за СРбија во ЕП


Нивното спроведување, како што е најавено во Белград, ќе биде договарано со УНМИК.

Меѓутоа, УНМИК, но и целата меѓународна заедница претходно имаат соопштено дека се противат на одржувањето српски избори на Косово.
Ние во одлуката за распишување секако не сакаме да се мешаме. Се додека тие избори не се одржат, нема причина да се сомневаме во посветеноста на Србија на својот европски пат.

Одделни европски претставници веќе предупредија дека ова прашање ќе биде еден од клучните услови во одлуката за давање датум за почеток на преговорите за членство на Србија во Европската унија.

Можеби затоа во Белград се уште останува отворено прашањето дали изборите ќе бидат одржани и на Косово.

„Ние во одлуката за распишување секако не сакаме да се мешаме. Се додека тие избори не се одржат, нема причина да се сомневаме во посветеноста на Србија на својот европски пат“, оценува пратеникот за Србија во Европскиот парламент Јелко Кацин.

Но, во владата на Косово постојат мислења дека Европската унија не врши доволно притисок врз Србија.

„Тие изразија жалење, но сметам дека тоа не е доволно. Тие имаат различни механизми за казнување. Треба да употребат стап кога е потребно, а не само морков. Мислам дека со ова треба да се занимава Брисел, а не да не става нас во многу тешка положба“, вели косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи.
Министерот за внатрешни работи на Косово Бајрам Реџепи

Министерот за внатрешни работи на Косово Бајрам Реџепи


Во меѓувреме, опозицијата на Косово бара од владата да не се однесува како невладина организација, туку со сите законски средства да дејствува за да го спречи одржувањето на српските избори.

Според Демократскиот сојуз на Косово, тие се последица на пропустите на владата, особено на северот на земјата, како и на пропустите направени за време на дијалогот со Србија во Брисел. На ист став се и од движењето Самоопределување.

„Владата на Косово има законска и политичка обврска да ги спречи овие избори. Станува јасно дека владата на Косово повеќе ги почитува Уставот на Србија и резолуцијата 1244, отколку косовскиот устав и законите“, вели Дардан Молиќај од движењето Самоопределување.

Тој додава дека полицијата треба да ги блокира сите гласачки места на територијата на Косово.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG