Достапни линкови

Конференција за граничната безбедност во ЈИЕ


Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска

Во организација на македонското МВР, а под покровителство на данското претседателство со Советот на ЕУ, денеска и утре во Скопје ќе биде одржана деветата годишна министерска конференција за соработка на полето на граничната безбедност во југоисточна Европа.
На конференцијата, со која ќе претседава министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, ќе присуствуваат и министрите за внатрешни работи на Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, како и заменици министри на Молдавија, Романија, Албанија, Чешка, претставници на ЕК, Еуропол, Фртонтекс, челните луѓе на ДЦАФ, претставници на дипломатскиот кор во земјава од повеќе земји на ЕУ, како и од САД.
За утре е најавено потпишување Министерска декларација за соработка на полето на граничната безбедност 2012 година.
XS
SM
MD
LG