Достапни линкови

logo-print

Груевски се сретна со советници на американски конгресмени


Премиерот Никола Груевски оствари средба со група високи советници на американски конгресмени кои што престојуваат во посета на Република Македонија во организација на Обединетата македонска дијаспора.
Како што информираат агенциите, Груевски ги претставил стратешките приоритети на Владата на Република Македонија во доменот на европските и евроатланските интеграции, образованието, економијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и спроведувањето на Охридскиот рамковен договор.
Посебен осврт бил ставен на прашањата поврзани со ЕУ и НАТО интеграциите.
XS
SM
MD
LG