Достапни линкови

Сирија одбележува година од почетокот на насилствата


Провинцијата Идлиб, Сирија

Провинцијата Идлиб, Сирија

Сирија ја одбележува годишнината од почетокот на насилното востание на кое во моментов не му се гледа крајот. Обединетите Нации проценуваат дека во текот на минатата година околу 8.000 лица се убиени, некои 230.000 се раселени, од кои 30.000 ги напуштиле земјата. И покрај бомбардирањето на клучните бунтовнички упоришта неодамна, како што се градовите Хомс, Дера и Идлиб жестокиот отпор против владеењето на претседател Башар ал-Асад влада продолжува.
Во меѓувреме, меѓународниот посредник на ОН, Кофи Анан потврди дека доби одговор од сирискиот претседател Башар ал-Асад на неговите предлози кои се со цел доведување крај на кризата во земјата. Се очекува во петок Анан да го информира Советот за безбедност, кој дебатира за нацрт-резолуцијата за поддршка на наеговата мисија и која повикува на крај на насилството.
XS
SM
MD
LG