Достапни линкови

Турција ќе изгради нов камп за сириските бегалци


Турската Влада планира да изгради нов камп за 20 илјади сириски бегалци во реонот на градот Џеланпнар на границата со Сирија во округот Шанлурфа, објави турскиот весник „Џумхуриет“.Бројот на сириски бегалци во Турција постојано се зголемува поради насилството на сирискиот режим. Околу 200 Сиријци пребегаа од Сирија во Турција од почетокот на неделата. Бројот на регистрирани Сиријци во бегалските кампови во округот Хатај изнесува 13 илјади.
XS
SM
MD
LG