Достапни линкови

Обама и Камерон разговараа за Иран и Авганистан


Американскиот претседател Барак Обама и британскиот премиер Дејвид Камерон

Американскиот претседател Барак Обама и британскиот премиер Дејвид Камерон

Американскиот претседател Барак Обама и британскиот премиер Дејвид Камерон се сретнаа во Белата куќа, каде два часа разговараа за Авганистан, Иран и други прашања. Обама изјави дека двете земји се сложиле да извршат пристисок врз Иран за нуклеарната програма.
Според двајцата лидери, американските и британските војници оствариле прогрес во Авганистан и покрај последните инциденти со убиството на цивили и палењето на Куранот во земјата.
Обама подвлече дека силите на НАТО успешно се спротиставуваат на Ал Каеда и талибанците, а имаат и напредок во тренингот на авганистанската војска.
XS
SM
MD
LG