Достапни линкови

Црна Гора очекува позитивни вести од самитот на НАТО во Чикаго


Црногорскиот премиер Игор Лукшиќ

Црногорскиот премиер Игор Лукшиќ

Црногорскиот премиер Игор Лукшиќ изјави денеска дека очекува позитивни вести од самитот на НАТО во Чикаго во однос на натамошниот напредок на земјата кон полноправно членство во Алијансата.
Лукшиќ и командантот на силите на НАТО во Европа адмирал Џејмс Ставридис оценија денеска во Подгорица дека Црна Гора остварила импресивен прогрес на евроатланскиот пат и на планот за спроведување реформи во безбедносниот систем.
XS
SM
MD
LG