Достапни линкови

Партиски реакции за Пајажина


Пресуда за поранешниот сопственик на А1 телевизија Велија Рамковски во Судот во Скопје

Пресуда за поранешниот сопственик на А1 телевизија Велија Рамковски во Судот во Скопје

СДСМ смета дека пресудата за Велија Рамковски и судскиот процес за случајот „Пајажина“ е најлоша можна препорака за Македонија во пресрет на утрешната посета на еврокомесарот Штефан Филе. Потпретседателот на партијата Ана Павлова Данева изјави дека пред да започне судскиот процес против Рамковски се знаел исходот и висината на казната, а пресудата од 13 години затвор е доказ дека во Македонија нема независно судство.
За ВМРО ДПМНЕ пресудата е базирана на аргументи, а од реакцијата на СДСМ заклучуваат дека опозициската партија ги поддржува осомничените или осудените за одредени сторени кривични дела. Членот на партијата Антонио Милошоски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ се залага за независно судство и примена на законите еднакво кон сите граѓани во Македонија.
XS
SM
MD
LG