Достапни линкови

Каратистот Груевски ниже успеси


Каратистот Огнен Груевски го освои златниот медал на турнирот од Премиер лигата, што минатата недела се одржа во холандскиот Додрех.
Каратистот Огнен Груевски го освои златниот медал на турнирот од Премиер лигата, што минатата недела се одржа во холандскиот Додрех.

Каратистот на Металург, Огнен Груевски освои златен медал на турнирот од Премиер лигата, што минатата недела се одржа во холандскиот Додрех.

Најдобрите македонски каратисти ја продолжија жетвата на медали на врвните меѓународни натпреварувања, овојпат на турнирот од Премиер лигата, што минатата недела се одржа во холандскиот Додрех. Таму, во конкуренција од околу 600 каратисти од 51 држава, од нашите претставници највреден резултат постигна каратистот на Металург, Огнен Груевски. Тој во категоријата до 84 килограми освои златен медал, откако извојува 6 победи над силни противници и на најдобар начин ги потврди оптимистичките очекувања пред настапот во Додрех.
Најискрено јас го очекував (златото), бидејќи на 15-ти јануари имавме во Париз исто на првиот турнир од Златната лига. Таму исто бев многу добар, имав 4 победи, но го повредив рбетот и немав можност да настапам за борба за медал. Така што, сега рбетот ми е минато се надевам се опоравив.
Огнен Груевски, каратист.

„Најискрено јас го очекував (златото), бидејќи на 15-ти јануари имавме во Париз исто на првиот турнир од Златната лига. Таму исто бев многу добар, имав 4 победи, но го повредив рбетот и немав можност да настапам за борба за медал. Така што, сега рбетот ми е минато се надевам се опоравив. На Државното првенство на Македонија бев прв, бев подготвен и очекував медал. Можеби не очекував злато, но очекував медал и ете конечно ми се исполни таа желба, тој златен медал да го освојам на овие Златни лиги“, изјави повеќекратниот шампион на Македонија.
Каратистот Огнен Груевски.
Каратистот Огнен Груевски.

Целите и амбициите за оваа година ми се покрај Златниве лиги да се претставам во најдобро светло. ЕП во мај ми е, да се спремам добро и ако може и да ја одбранам титулата од 2010-та, кај што бев трет во Атина. Се надевам и оваа година на медал и во ноември е Светското првенство.
Огнен Груевски, каратист.
Во досегашната кариера, Груевски, покрај неколку втори и трети места на турнирите од Премиер лигата, освои бронзени медали на Европското првенство во Атина и на ланската Универзијада во Сараево, каде што во екипна конкуренција се закити и со сребрениот трофеј. Сето ова му дава за право да најавува слични подвизи и во иднина, а пред се во текот на годинава, кога главни настани за каратистите се Европското првенство во Тенерифе и Мундијалот во Париз.

„Целите и амбициите за оваа година ми се покрај Златниве лиги да се претставам во најдобро светло. ЕП во мај ми е, да се спремам добро и ако може и да ја одбранам титулата од 2010-та, кај што бев трет во Атина. Се надевам и оваа година на медал и во ноември е Светското првенство. И на овие Златни лиги истите натпреварувачи, дури и повеќе од тие држави ми се во конкуренција. Значи, ете ги победувам и јас се надевам дека може на Европско повторно да освојам медал“, додаде Груевски.

Според него, ваквите големи очекувања се и обврска по сите досегашни успеси. А, тие се резултат на повеќегодишните вложувања и напорна работа на сите во македонското карате.

„Каратето до пред 4-5 години беше ништо, бидејќи немавме натпревари надвор, седевме само во Македонија. Сега благодарност до нашиот спонзор, имаме пари од него и имаме можност да настапуваме надвор на турнири, значи да се рамниме со другите велесили. И напорни тренинзи. Со напорни тренинзи и многу настапи на меѓународни турнири, ние стигнавме на врвот, што сите имаат респект сега за нас“, истакна на крајот Огнен Груевски.

Инаку, во Додрех, голем успех постигна и каратистката на Макпетрол, Наташа Стефановска. Таа, во категоријата до 61 килограм, го освои сребрениот медал, откако во финалната борба, поради повреда на коленото, мораше да и го предаде мечот на европската шампионка Алиса Бушингер од Австрија.
XS
SM
MD
LG