Достапни линкови

Албанија против одржување на српски избори во Косово


Албанското Министерство за надворешни работи оцени денеска дека одлуката на Белград да спроведе локални избори во неколку општини во Косово е незаконска и неприфатлива и претставува закана за интегритетот на земјата. Според соопштението, изборите нема да имаат правен ефект, бидејќи се нелигитимни. Пратеникот на Европскиот парламент за Србија Јелко Кацин денеска изјави дека за Брисел нема да биде проблем тоа што Србија вчера распиша локални избори на Косово, но ќе биде проблем ако тие се одржат.
Кацин додаде дека Србија со своите дела во рок од следните два месеца ќе покаже колку е посветена на барањето датум за почеток на преговори за членство во ЕУ.
XS
SM
MD
LG