Достапни линкови

logo-print

Велија Рамковски осуден на 13 години затвор


Сопственикот на згаснатата А1 телевизија Велија Рамковски е осуден на 13 години затвор во судскиот процес за случајот „Пајажина“. Другите обвинети добија помали казни затвор, тројца се ослободени од обвинение, а еден е со условна казна.
Синот на Рамковски, Хеди доби 7 години, ќерката е осудена на 6 години, поранешниот директор на А1 Дарко Перушевски доби 5 години и пет месеци, а последната директорка на телевизијата Анета Кочишки 2 години и 3 месеци.
Тие беа обвинети за перење пари, затајување данок и за злосторничко здружување. Според обвинението, во кое неколку пати во текот на постапката беа менувани бројките, затаен бил данок од над 5 милиони евра.
XS
SM
MD
LG